Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци Виктор Паунов од името на советничката група на опозициската партија ја информира јавноста дека ќе донираат по еден месечен паушал кој го добиваат како надомест во хуманитерни цели.
Со одлука на Општинскиот комитет Советниците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ своите паушали ќе ги донираат онаму каде што е најпотребно за минимизирање на ефектите од актуелната криза.
Притоа ја повикаа и власта да го направи истото.
Во продолжение ја пренесуваме информацијата на Виктор Паунов пренесена во јавноста:
“Од име на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и ОК Карбинци, ве известуваме дека се одлучивме да донираме парични средства по еден месечен паушал за помош при набавка на потребни средства околу справување со актуелната ситуација со ковид-19 вирусот.
Повик до власта во Карбинци да го направи истото и да ја земат обврската т.е. иницијативата за организација. Апел до сите кои се спремни на ваков чекор да го направат истото! Да бидеме хумани.🙏”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември