По се поинтензивната агитаторска дејност на Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип имаат неколку прашања кои ги упатуваат до градоначалникот кој ветуваше дека ќе ги решава проблемите на граѓаните а никаде во неговата програма не се спомнуваше оваа сегашна негова дејност која ја практикува.
Во продолжение го пренесуваме обраќањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип
Неколку работи треба Благој Бочварски да им објасни на граѓаните со кои деновиве се се среќава и води партиска пропаганда:
1. Зошто не кажува дека референдумот е за промена на името и идентитетот на Македонија, а не за влез во ЕУ и НАТО?
2. Зошто не ги кажува штетните последици од договорот со Грција?
3. Зошто прави поделба помеѓу народот со тоа што го поистоветува договорот со Грција како опција ЗА или против ЕУ и НАТО?
4. Зошто шири страв помеѓу граѓаните дека ќе се изгуби некаква шанса доколку тие самите не се поништат како народ?
5. Зошто не им каже на граѓаните дека во ЕУ и НАТО се влегува само со реформи, а не со криминално владеење и водење на лоша манипулативна пропаганда?
6. Зошто не им каже на граѓаните дека тој како потпретседател на владеачката партија направија Македонија да има историски најмал економски раст, уназадено образование и здравство и уништено земјоделие?
За да може Македонија да достигне европски вредности потребно е актуелната политичка корумпирана гарнитура да си замине од власт. Само така Македонија ќе се врати на вистинскиот евроатлански пат. Секој лажна пропаганда која ќе се води деновите што престојат ќе биде само на директна штета на Македонија и македонскиот народ, бидејќи капитуланскиот договор со Грција не може да донесе ништо добро за државата. Затоа народот е мудар и ќе каже ДА за Македонија и громогласно НЕ за самоуништување и уназадување.