БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Градски воз ќе има! Ветивме од 1ви Септември и од 1ви Септември ќе оперира!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има!Патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има” – напиша заменик пртеседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил, после брзата реакција на надлежните институции по направената штета на ЈП МЖ Инфраструктура.

Во продолжение објавата: 

” После тешката штета нанесена од кражбата и уништувањето на енергетската инфраструктура за железница вечерва одржавме координација со директорот на Железница Инфраструктура Синиша Ивановски и Железница Транспорт Дејан Кошутиќ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сакам да ги информирам граѓаните дека:

• Градски воз ќе има! Ветивме од 1ви Септември и од 1ви Септември ќе оперира!

• Редовен карго сообраќај на Коридор 10 кој носи најмногу приход на Железници ќе има!

• Патнички возови за Велес, Гевгелија, Прилеп и Битола ќе има!

Убеден сум дека со брзата реакција на МВР крадците ќе бидат пронајдени и ќе одговараат!

Благодарам на министерот Панче Тошковски за брзата реакција.

Ние градиме, други уништуваат!

Ние ќе победиме!

Ја градиме Македонија” – напиша Николоски. 

Креирано од:


Пренеси го гласот