БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Груевски: СДСМ е школски пример на партија која го ,,преспала” мандатот во однос на обврските кон гласачите

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Предмалку СДСМ ја имаше една од најсмешните пресконференции на сите времиња.

Најпрвин да демантирам дека сопственикот на фирмата Еко клуб бил мој, како што кажа портпаролот на СДСМ ,,многу близок соработник”. Напротив, не само што не бил мој било каков соработник, туку воопшто не сум го познавал ова лице, ниту пак знаев дека постои човек со такво име и презиме и со таква фирма.

Сепак, најсмешниот дел во целата ситуација е што СДСМ изгубени во времето и просторот, мене и ВМРО-ДПМНЕ не прогласуваат за виновни за нешто што ним како власт им се случило откако се три години на власт. Нешто што не се случило во минатото а се случило сега.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Незнам кој им ја осмислува стратегијата за комуникации со јавноста, но не исклучувам дека ваквата ,,мудра досетка” им паднала на памет на двоецот портпароли поранешниот Шилегов и сегашниот Костадинов.

СДСМ е школски пример на партија која во однос на обврските кон гласачите го ,,преспала” мандатот, посветувајки се само на рекетирање, криминал, корупција, притисок врз судството и медиумите, и промена на името, историјата и идентитетот, па непосредно пред изборите збунето и нагло се буди и онака ,,зашеметени” набрзина измислуваат теми и наводни виновници, за да се прикажат себе во поинакво светло, спротивно од реалното.”

-фејсбук статус на Поранешниот Премиер на Република Македонија Никола Груевски.

Креирано од:


Пренеси го гласот