БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонското прашање ќе се затвори само тогаш кога тоа ќе биде во полза на Македонците

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денес е 4. февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, една од најавторитетните и најмаркантни фигури во македонското револуционерно движење и воопшто во македонската историја.
Тој својот живот го посвети и жртвува за слободата на Македонија. Повеќе од еден и четвртина век Гоце Делчев е инспирација, мотивација и водилка на милиони Македонци од различни генерации во земјата и дијаспората, од неговото време па до денес.

Гоце Делчев е и нај авторитетниот стратег на организацијата во своето време. Тој истовремено секојдневно е и на теренот меѓу народот и меѓу борците организирајќи ги четите. Посветен и на собирањето на оружје и на создавањето на уставот и правилата на дејствување на организација.

Директно и непосредно работи на кревање на борбениот и слободарски дух на народот одејќи од едно во друго населено место ширејќи ја идејата за слободна Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денешното одбележување на овој ден има особено значење заради актуелните наметнати договори, притисоци и уцени во правец на промена на историјата и идентитетот на македонскиот народ.

За неговото дело, припадност и борба, објавив пообемен текст во фб статус на 2. јули 2019 година.

Вчера Социјалистичката партија на Македонија одржа трибина со повеќе историчари посветена на ликот и делото на Гоце Делчев. Сите учесници дадоа одлични излагања, секој од различен аспект. Издвојувам едно од нив кое е кратко и вреди да се погледне, а тоа е излагањето на универзитетскиот професор по историја Д-р Никола Жежов, чија научна специјалност е современата историја и проучувањето на македонското револуционерно движење.

Се согласувам дека денешните притисоци, уцени, негирања, сервилност, наметнатите договри и марионетски влади, присилни промени со користење на највалкани и најгнасни методи, само ќе го зајакнат македонското национално чувство и припадност.
Ништо не е загубено додека го носиме длабоко во нас и веруваме во тоа.

Македонското прашање ќе се затвори само тогаш кога тоа ќе биде во полза на Македонците.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace