Во организација на фондацијата отворено општество Македонија (ФИООМ) во Скопје во Даут Пашиниот Амам на 10 февруари со почеток во 12 часот ќе се одржи промоција на зборникот на трудови насловен како “Од Букурешт до Преспа” Сведоштва на едно време
Македонија 2008-2018.
Според организаторите и официјалната најава на настанот станува збор за трудови напишани од повеќемина автори кои претставуваат “сведоштва, а текстописците се сведоци на тоа време. Авторите Васко Маглешов, Катерина Блажевска, Љупчо Поповски, Милка Смилевска, Владимир Милчин, Билјана Бејкова, Сефер Тахири, Мери Јордановска, Сашка Цветковска, Менче Атанасова-Точи, Дејан Азески, Гордана Дувњак, Искра Новаковска и Назим Рашиди”, според организаторот на настанот и официјалната најава на истиот се “релевантни пишувачи, и професионално, но и во тестимонијална и етичка смисла. Луѓе коишто, пред сè, со својот збор, а некои и со активистичка работа се вградиле во објаснување на природата на претходниот режим, но и во неговото демонтирање. “
Во самата најава за настанот стои:
„Македонија од Букурешт до Преспа“ е публикација втемелена на сведоштва. Сведоштва за едно време-невреме кое во колективната меморија на нашите граѓани ќе остане запаметено како темно. Тоа се годините кога Европа нѐ етикетираше како „заробена држава“ и кои, од оваа исклучително кратка историска дистанца, ќе ги запаметиме како „загубено време“. Но, зборникот не трагата на загубеното време. Зборникот е тука за да ја зачува таа деценија во колективната меморија на граѓаните и да остави печат за едно време кое не сакаме никогаш да се врати и повтори.
Букурешт 2008 – Преспа 2018 е особено важна историска отсечка. Од една страна, Букурешт и политиките по него означија дефинитивен почеток на недемократската власт, на брановите национализам, популизам и постојаното оцрнување на сите оние кои размислуваат поинаку. Од друга страна, Договорот од Преспа требаше да означи почеток на реалните надежи втемелени на потребата за подобра, подемократска, попросперитетна држава, интегрирана во ЕУ. Иако, од денешна гледна точка равенката не е еднозначна и нашиот пат кон ЕУ сè уште е неизвесен, со помош на овој Зборник, по поголема историска дистанца, идните генерации, ќе можат да се навраќаат и да го вреднуваат постигнатото и непостигнатото во овој период и да извлечат вредни лекции и поуки.
На настанот како говорници се најавени:
– Фани Каранфилова-Пановска – Извршна директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија;
– Гордан Георгиев – член на Управниот одбор на Фондацијата Отворено општество – Македонија и поранешен Генерален секретар на СДСМ.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
Нова дигитална услуга на МВР, една од најбараните: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
Монструм од Ново Село ја врзал својата 11 годишна ќерка која плаче и моли пред камера