БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Општина Виница доби нова систематизација со зголемен број работни места за администрацијата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница реагираа со свое соопштение упатено до јавноста во врска со новата усвоена одлука од страна на Советот на Општина Виница по предлог на Градоначалникот Ивица Димитров, за нова организација, делокруг и начин на извршување на задачите на општинската администрација според која треба да се направи новата систематизација на работните мести во општина Виница.

Од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ ги алармираат граѓаните на Виница за зголемени трошоци на Општина Виница по однос на плати и надоместоци од 26 милиони во 2017 година на 32,5 милиони денари на годишно ниво за општинската администрација.

Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Виница предупредуваат дека на овој начин се задоволуваат апетитите на разочараните партиски кадри на СДСМ, особено по неуспесите на референдумот на 30-ти септември и поразот на кандидатот на СДСМ на Претседателските избори во 2019 година со над 1700 гласови разлика.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение интегрално го пренесуваме соопштението упатено до јавност од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Виница:

“Градоначалникот Ивица Димитров и локалната власт на СДСМ соочени со дебаклот кој им се случи на референдумот за името и поразот на претседателските избори од над 1700 гласови разлика во Виница очигледно дека загубија контакт со реалноста.
На последната седница на советот на општина Виница мнозинството на СДСМ, а по предлог на градоначалникот, донесе Одлука за нова организација, делокруг и начин на извршување на задачите на општинската администрација според која треба да се направи новата систематизација на работните мести во општина Виница.

Со новата внатрешна организација на општинската администрација воведен е нов дополнителен Сектор за јавни дејности и локален развој и две нови одделенија под овој сектор.
Причината за формирања на овие нови сектори и одделенија, во за нив ама само во опозиција превработената општинска администрација, е единствено само да се задоволат разочараните партиски кадри со унапредување или вработување на нови раководители и помошници раководители на сектори и одделенија, а тоа се скапо платени работни места платени со буџетски средства од парите на граѓаните на општина Виница.

Податокот дека 2017-та година од основниот буџет се издвојуваа 26 милиони денари за плати и надоместоци за вработените во општина Виница, а сега со буџетот за 2020-та година се планираат да се потрошат 31,5 милиони денари и уште 1 милион денари се предвидени за вработените преку Агенцијата за привремени вработувања или тоа се 6,5 милиони денари повеќе од 2017-та година, сам по себе кажува за лицемерната политика на СДСМ во опозиција.”

Креирано од:


Пренеси го гласот