Денес Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше во постојано заседавање и ги донесе заклучоците кои ги изразуваат нашите политички ставови.
Денес Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше во постојано заседавање и ги донесе заклучоците кои ги изразуваат нашите политички ставови.
Прво, ВМРО-ДПМНЕ не ја подржува промената на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија, промената на идентитетот, културата и историјата, и тој став е непроменет и конзистентен, и се темели на партиската идеологија, партиската програма, резолуции, акти и документи, и е базиран на одлуката на народот потврдена на референдумите на 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година.
Второ, ВМРО-ДПМНЕ смета дека промената на Уставот со цел промена на уставното име, промената на идентитетот, историјата, културата и образованието се направи на противуставен, противзаконски, нелегитимен, насилен и криминален начин, по пат на притисоци, закани, уцени и пазарења.
За нас, за историјата, но и за иднината е значајно, што одлуката за промена на името, идентитетот, културата, образованието, и историјата е одлука на 81 пратеник, но НЕ Е одлука на македонските граѓани. Со ваквата одлука се суспендира волјата на граѓаните, и самиот начин и постапките до кои се дојде до сето ова преставуваат чин на предавство.
Трето, со договорот од Преспа се нанесува огромна штета и неправда врз самата македонска држава, македонските граѓани, врз минатите, сегашната и врз идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ ќе стори во иднина се што е во негова моќ оваа неправда да биде исправена.
Четврто, денес се покажа дека Македонија со Заев губи, и доколку овие луѓе од СДСМ и на Зоран Заев останат на власт Македонија ќе продолжи да губи, и на ова и на сите други полиња, и во политиката, и во економијата, и во општеството, секаде. Затоа ова мора да престане, затоа ова мора да се промени, а ќе се промени само доколку овие луѓе си заминат од власт.
Токму поради ова, а врз основа на кажаното, ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш распуштање на парламентот и одржување на вондредни парламентари избори заедно со претседателските избори, според законските прописи, и врз основа на минатото искуство, и на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и така волјата на мнозинството на граѓани ќе биде испочитувано!!!
Почитувани сограѓани,
Народот, вие давате и земате власт. Затоа избори, избори се потребни на кои Заев ќе падне, а Македонија ќе победи. Избори на кои народот ќе има можност да каже каква Македонија сака. Северна Македонија на Заев, во црнила, понижена и засрамена, или Македонија на народот, горда, напредна, почитувана.
Овие црнила на Заев ќе бидат поразени на тие избори, а Македонија ќе победи и зората ќе ја огрее.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Љутков: Вевчанскиот карневал не само што обединува, туку сведочи дека нашите обичаи и вредности се живи
Со Спасовски во МВР институциите под контрола на СДСМ се пресметуваа со вевчанци, денес челниците на опозициската партија пеат друга песна
Претходно со кордони полиција, сега лично Премиерот помеѓу Вевчанци на славниот Вевчански карневал