БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прв го прочита опелото: Да и посакаме добредојде на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

После неполн час од изгласувањето на промената на Уставот на Република МАкедонија со видео порака се јави Амбасадорот на САД во Република Македонија.

Ова е неговата порака:

Денес, Македонија донесе историска одлука. Вашето Собрание гласаше за да ги усвои уставните измени што се потребни за да се имплементира Договорот од Преспа со Грција. Соединетите Држави ја поздравуваат одлуката на вашите избрани претставници. Кога процесот ќе заврши со ратификување од страна на Грција, овој Договор конечно ќе го реши спорот со името, што предолго ги спречуваше граѓаните на Македонија да ги реализираат своите цели за членство во НАТО и во Европската Унија.

Ги поздравувам вашите лидери во Владата и во Собранието поради нивната визија, храброст и истрајност во барањето на решение и ставањето на долгорочните стратешки интереси на Македонија на прво место. Со нетрпение чекаме да и посакаме добредојде на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО и да го продолжиме нашето цврсто партнерство со вас во унапредувањето на стабилноста и просперитетот овде и во целиот регион.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace