Според најавата на градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов една од улиците во централното градско подрачје ќе прерасне во хуманизирана пешачка зона која значително ќе го облагороди Штип. Во тек е изработка на идеен проект според кој ќе бидат предвидени урбани содржини за граѓаните кои што ќе можат да рекреираат и да се дружат на оваа јавна површина сместена во централното градско јадро.
“Почитувани штипјани,
Во тек е изработка на идејно решение за улицата „Ванчо Прке” (Едносмерната), која наскоро ќе биде уредена како пешачка зона.
Граѓаните на Штип редовно ја истакнуваат потребата од урбано шеталиште – место за прошетка, пазарење и дружење…
Нашиот град заслужува нови решенија и создавање на нов тренд за развој на модерен, развоен и урбан Штип.”
–соопшти градоначалникот Иван Јорданов во врска со реализацијата на овој убав проект.
Вакви проекти се потребни да се реализираат и во останатите урбани средини со што ќе дојде до израз хуманиот аспект на урбанизацијата на јавните површини, во функција на подобар животен стандард за граѓаните.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември