БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Гоцевски: Хумана урбанизација на Делчево, во тек со најсовремените трендови, раководејки се од потребите на граѓаните

Пренеси го гласот

За намалување на проблемите на делчевчани мораме да имаме квалитетна урбанизација на Делчево!

Одвојте време и прочитајте ги нашите ставови и предвидувањата на нашиот “Концепт 800+” во однос на оваа тема, за потоа заедно со вашите размислувања да создадеме еден заеднички комплекс за правилен развој и напредок на нашата општина:

Хумана урбанизација на просторот, во тек со најсовремените трендови, раководејки се од потребите на граѓаните на општина Делчево!

Голем број на проблемите на делчевчани се резултат на застареното урбанистичко планирање, проблематични имотно-правни односи, непостапувањето на одговорните лица како и постојаниот притисок врз урбанистичките власти во општина Делчево од страна на високопозиционирани функционери во власта.

Квалитетната урбанизација на еден град, на било кое населено место во основа значи квалитетен и одржлив развој за даден временски период.

Генералниот Урбанистички план на град Делчево е стар повеќе децении и не одговара на потребите на граѓаните во 2024 година!Дополнително состојбата на терен со постојни објекти, градби, опрема, инсталации, намена на градежни парцели и функционалностите на речиси сите Урбани Блокови во Делчево е доведена до ниво на ХАОС и БЕЗРЕДИЕ!

Понатаму Деталните урбанистички планови на поедини населби во градот Делчево дополнително допринесуваат на тој ХАОС со свои аномалии, нерегуларности и законски прекршувања и непостапувања.

ДУП за Старо Делчево е еден од најстарите документи со кои оперира денес Општина Делчево. Аномалиите кои ги содржи во себе се до ниво на нетолеранција. Не е многу подобра состојбата со Деталните урбанистички планови и за останатите населби во градот Делчево.

Најалармантен е примерот со приградската населба Ѕвегорска Река каде поради огромните проблеми локалните институции не се во можност да изградат соодветна улична инфраструктура за жителите на Ѕвегорска Река. Како резултат на ваквите аномалии многу соседи во минатото се во нарушени меѓучовечки односи а институциите немо креваат рамења иако се надлежни за решавање на проблемите на граѓаните.

Селските населби во општина Делчево во најголем број немаат постоечка релевантна урбанистичка планска документација со што сериозно свесно или несвесно се кочи развојот на овие населби. Селата Разловци, Тработивиште и Ѕвегор имаат некаква урбанистичка документација која е повеќе од застарена и не одговара на потребите на жителите во 2024 година.

Како резултат на ваквата состојба општина Делчево тоне во проблеми од најбанална до најкомплексна природа, што е сериозна причина за исселување на граѓаните од нашата општина.

За надминување на ваквата состојба потребни се сериозни луѓе, со сериозно знаење и сериозна политичка волја да започне со решавање на овие проблеми во интерес на заживување на подобри услови за живот во Делчево. Квалитетниот урбанистички развој е неопходен за изградба и уредување на хуман простор за живеење, но и за одржлив економски развој на стопанството и трговските дејности.

ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера овие проблеми на делчевчани да започне од корен да ги решава од првиот ден по превземање на власта на централно а потоа и на локални ниво во Делчево. Носењето на ГУП и ДУП-ови во Делчево во доминантна мера зависи од Министерството за транспорт и врски а ВМРО-ДПМНЕ како идна власт ќе се погрижи носењето на овие најзначајни локални документи да се прави во интерес на делчевчани со најдемократски сретства и процеси за нивно воспоставување!

Што подразбира КОНЦЕПТ 800+ во однос на ова прашање:

-КОНЦЕПТ 800+ подразбира носење на нов ГУП- Делчево;

-КОНЦЕПТ 800+ подразбира ревизија на постојна состојба на ДУП-Ѕвегорска Река и ДУП-Грамадна и донесување на нови ажурирани ДУП-ови за овие урбани блокови;

-КОНЦЕПТ 800+ подразбира ревизија на ДУП-СРЦ и ДУП- Шумско Стопанство и донесување на нова современа ажурирана планска документација за развој на овие урбани блокови;

bregalnickimarketing

-КОНЦЕПТ 800+ подразбира ревизија на ДУП Старо Делчево, негово разбивање на функционални урбани блокови и донесување на ажурирана урбанистичка планска документација која одговара на потребите на жителите на Старо Делчево;

-Концепт 800+ подразбира изготвување на ДУП за нова општинска индустриска развојна зона во Длечево;

-КОНЦЕПТ 800+ ќе донесе услови за дефинирање на соодветни индустриски развојни зони за рурален туризам, зелени економии и рурален развој на сите села во Делчево;

-КОНЦЕПТ 800+ содржи план за изработка на нова урбанистичка документација за село Полето и село Очипала како и план за спојување на село Габрово со населбата Милково Брдо во Делчево.

Нашата визија за Делчево подразбира многу работа, многу инвестирано знаење и искуство за да обезбедиме одржлив развој кој што ќе гарантира продолжување на животот во полн израз во нашата општина Делчево.

Доста беше исселување на Делчевчани поради неажурност, неспособност и мрзливост на одговорните структури во топлите фотелји на сметка на грбот на народот!

ВМРО-ДПМНЕ има сила, знаење и решеност да го претвори Делчево во двигател на целокупниот економски развој во овој дел од државата.

Заедно со граѓаните на Делчево ќе успееме после наредните избори институциите да ги ставиме во вистинска служба на граѓаните, зошто тоа го заслужува нашиот народ.

#Концепт800Плус

#ВМРОДПМНЕ

#ЗаДелчево

#ПроектиЗаГраѓаните

-став на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево Иван Гоцевски

Креирано од:


Пренеси го гласот