Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со “фаќање кривини” може да се постигне најголем успех

Пренеси го гласот

Македонија е држава која што во контекст на пошироките геостратешки интереси на Балканот е предмет на асимилација, негирање, дестабилизација, корупција на највисоко државно ниво, политичко профитерство, грабеж на државните ресурси и “рудник” на квалификувана евтина работна сила за европските држави.

Како таква Република Македонија е совршена територија за да биде Мека и Медина за разни белосветски шпекуланти, дилери на дрога, оружје, бело робје а граѓаните од ден во ден тонат во се поголема паника и загрозување на својата животна егзистенција.

Светлото на крајот на тунелот кој што пропагандно го нудат партиите на власт со секое ново ветување е уште еден брз воз кој прегазува преку човечките судбини кои што завршуваат трагично пред ударите на секојдневните проблеми кои се случуваат.

На целата оваа небиднина пред која е исправен секој еден граѓанин на Македонија во последните неколку денови во јавноста излегоа информации дека актуелниот премиер Димитар Ковачевски е “трајно неспособен” со официјални државни документи кои што ги пренесоа повеќе медиуми. Со медицински наод од 2000 година Премиерот Димитар Ковачевски тогаш на возраст од 26 години избегнал служење во АРМ во ек на борбените дејствија кои што беа започнати на појасот на северната граница кон Косово.

Во текот на вчерашниот ден ниту премиерот Ковачевски ниту било која надлежна државна служба не ги негираа ваквите информации.

Оттука се наметнува прашањето како може лице кое што е “трајно неспособно” да дотурка до највисоката позиција во државата- Премиер. Овде како лајт мотив за ваквата поразителна состојба на памет ми пага вицот со полжавот кој кога го прашале како стигнал на врвот на планината, тој одговорил со лигавење, со лигавење…

Но ваквата состојба во контекст на целокупните апокалиптични сценарија кои кружат над Македонија ниту е наивна ниту е случајна.

Станува збор за намерно инструирано сценарио во кое што во јавноста се упатува порака дека со избегнување на обврски, со криминал, со корупција, со постојан грабеж и уништување на државата Македонија, поединци можат дебело да профитираат за себеси и за своите најблиски.

На тој начин на долг рок преку вака воспоставен државен систем кој што работи против својата држава и добробитот на своите граѓани, кај граѓаните се создава долготраен анимозитет кон Македонија и нејзините институции. која што како што пишав на почетокот од овој текст е предмет на бришење од картата на Европа.

Најголемото богатство на Македонија се Македонците. Македонија без Македонци неможе и нема да постои.

Непријателите на постоењето на Македонската држава се повеќе од свесни за ваквиот пат и работат на аекој начин да го раскинат односот на Македонците со Македонската држава, што е процес проследен со корупција од високи владини функционери како олицетворение на институциите на државата.

На тој начин Македонецот се става намерно во состојба на целосна разочараност од својата држава додека паралелно се подрива Македонскиот идентитет и постоење со странски интервенции и притисоци. Со жестока странска интервенција е потпишан Преспанскиот договор, со жестока странска интервенција претходно беше потпишана Тиранската платформа, со жесток странски притисоксе решава прашањето за автокефалност ан Македонската Православна црква, со жесток меѓународен договор е потпишан договорот за добрососедство со бугарија.

Понатаму пропаста преку бришењето на Македонскиот национален идентитет ќе се продлабочува преку т.н. преговори за почеток на преговори за зачленување во ЕУ до недоглед.

Лојалноста на граѓаните кон државата се стекнува преку позитивни примери на градење на доверба меѓу државата и самите граѓани.

Со инсталирање на човек кој што бил прогласен за “трајно неспособен” за да биде премиер се оди во обратна насока на разнишување на ваквата доверба што неминовно резултира со слабеење на институциите а со тоа и подривање на постоењето на државата.

Кога може таков човек да стане премиер на државата, каква е пораката кон сите оние кои што својот живот го ставиле на браникот на таа држава? И дали во иднина ќе има такви луѓе кои што доколку е потребно повторно би ја бранеле државата?

Дополнително со избегнување на одговорност за криминалот кој што е сеприсутен во државата, каква е пораката кон лојалните граѓани кои што со достоинствен труд и чесна работа плаќаат даноци за оваа драва да постои?

Пак ќе кажам: Овој процес ниту е случаен ниту е наивен, туку точно смислена политичка директива по која што работат непријателите на постоењето на Македонската држава.

Кои се тие?

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот