Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов за јавноста најави дека во 2025 година општина Карбинци ќе го има до сега историски најголемиот Буџет на општината.
Притоа соопшти дека дури 68 милиони денари од буџетските пари ќе бидат наменети за капитални расходи, што е своевиден подвиг за развојот на општината за наредната година.

“Едногласно со девет гласа ЗА е Донесен историски најголемиот буџет на општина Карбинци за 2025 год.
Буџетот има развојна компонента, со фокус на капиталните инвестиции.
68.000.000 денари во капитални проекти;
Повеќе пари за спортот и спортските клубови;
Зголемен буџет за културни и спортски настани во општина Карбинци;
Десетина нови улици во 2025 год.;
Модернизирање на спортските терени во Карбинци и Радање со тартан подлога;
Изградба на каналот ,,Герен” во Долни Балван;
Изградба на тротоари во Карбинци и Таринци покрај регионалниот пат;
Осветлување на кејот на Козјачка река во Карбинци;”
-информираше преку социјалните мрежи градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи