А можевте! Можевте да го направите Штип новиот македонски Манчестер. Не сакавте! Наместо тоа избравте иселување на младите и затворање на фабриките, нула нови работни места и ваше лично богатење.
Можевте од Штип да направите зелен град и атрактивна туристичка дестинација. Можевте, ама не сакавте! Наместо тоа избравте да се распаѓаат културните знаменитости, а постојните природни богатства да пропаѓаат оставени на забот на времето.
Можевте од Штип да направите напреден универзитетски град. Можевте, ама не сакавте! Наместо тоа избравте намалување на квоти, затворање на студиски програми, намалување на бројот на студенти и ускратување на шансата за напредок.
Можевте од Штип да направите регионален медицински центар. Можевте ама не сакавте! Наместо тоа избравте запирање на градбата на Клиичката болница поради ваши бизнис интереси. Постојните медицински капацитети не се одржуваат и не се раководат според стандарди.
Можевте Штип да го направите регионален транспортен центар, доколку изградевте железничка пруга како што ветувавте. Можевте но не сакавте, господа од СДС.
Можевте вие и многу повеќе од горе наведеното, но не сте дошле вие на власт за да сакате! Затоа ред е на народот на 12 април да ви ја испорача фактурата за сите ваши лаги, неработења, криминали, уцени и закани.
На 12 завршува времето на безредието и уназадувањето на државата.
Доаѓа ново време, доаѓа обновата на Македонија!
-фејсбук статус на Координаторот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, Иван Јорданов
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
JO: Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“ меѓу кои и претседателка на ДКСК
Вицепремиерот Николоски оствари средба со Стивен Даути, министерот задолжен за Европа и Северна Америка во Обединетото Кралство
43 годишен штипјанец нападнал полицаец додека вршел службени дејствија