Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, Иван Јорданов во изјава за медиумите во текот на вчерашниот ден упати критика за лажни ветувања од страна на Благој Бочварски во врска со чистење на сметот во близина на стадионот и бањата Кежовица во текот на неговата предизборна кампања.
Депониите и ѓубрето во близина на стадионот и бањата „Кежовица“ останаа да сведочат за лажните ветувања на градоначалникот и неработењето на локаланите јавни претпријатија. Наместо ветените зелени зони, овој дел од градот е затрупан со ѓубре и смет.
Денес преку еколошка акција дадовме придонес во чистењето на овие депонии и во одржувањето на здрава и чиста животна средина.
-напиша на фејсбук Иван Јорданов по повод оваа пригода.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Драган Ковачки во присуство на членови на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ одаде почит пред спомен плочата кај месноста Свиланово, кочанско каде загинал Никола Карев
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (седми дел): Интервју со архитектот Георги Константиновски за Нова Македонија од 1982 година за проектот на Спомен домот на Разловечкото востание