БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Јорданов: Загрижувачки е во 21 век во Штип да имаме места во кои полицијата нема контрола

Пренеси го гласот

На седница при Советот на Општина Штип Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ ги алармираше советниците и градонаначалникот на општината за две проблематичнио состојби кои според него се присутни на територијата на општина Штип.

Загрижувачки е во 21 век на територија во општина Штип да имаме населени места во кои полицијата нема контрола. Како Совет и како советници имаме одговорност да иницираме решавање на овој проблем со кој што се соочуваат жителите на општина Штип. Јас не посочувам вина само во МВР, знаејќи ги однапред нивните капацитети и ресурси со кои што располагаат. Но затоа ние како Совет имаме одговорност да иницираме решавање на овој проблем.

Фактичката состоја која што ја гледаме во изминатиот период е дека има секојдневни случаи на кражби, разбојништва и други деликвентни појави кои што се само причинско последична работа од едно изминато време кога од затворите во Република Македонија беа ослободени и амнестирани сторители на тешки кривични дела кои што во изминатиот период го покренаа процентот на кражби и криминалитет. А со тоа ја влошија безбедноста на жителите во општина Штип. Имаме фактичка ситуација во која што граѓаните се принудени сами да се заштитуваат и да ги заштитуваат сами нивните приватни имоти.

Иницирам и друг проблем кој што сметам дека треба да биде решен а тоа е сечата на зимзелена шума во месноста наречена Миранина црква. Едни исти сторители последователно го прават истото дело,

-изјави на седницата на Советот на Општина Штип Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и член на Советот, Иван Јорданов.

Креирано од:


Пренеси го гласот