По долготрајно заседавање денес Судскиот совет според пишувањата на Сведок избра претседатели на судови и судии во неколку судови во државата.
За претседател на Апелациониот суд во Штип, беше избран Наќе Георгиев, струмичанец и сопруг на јавната обвинителка од Струмица Лидија Георгиева. Иако се очекуваше „штипското“ лоби да проработи и да застане зад сегашната в.д претседтелка Весна Димитровска Накова која имаше брза судиска кариера, за Георгиев беше применет принципот да се гласа за тој кој има најмногу поени, што не беше случај во другите судови. За штипска апелација имаше пријавено 9 кандидати.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”
Спортските здруженија да достават извештаи за искористените буџетски средства до 25 ноември
Драма по планините во штипско: Полицијата ловела дрвократци по сценарио како за на филм