БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Измена на времениот режим на „Тодосија Паунов“ – сообраќајот се префрла десната коловозна лента

default

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По завршеното асфалтирање на десната коловозна лента на булеварот „Тодосија Паунов“ во Кочани, се менува времениот режим на сообраќај на оваа делница.

Во правецот Кочани – Оризари возилата ќе ја користат реконструираната коловозна лента, додека градежните работи ќе се префрлат на левата лента.

На средба со локалните медиуми градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, заблагодарувајќи им се на граѓаните за трпението, соопшти дека очекува поинтензивни градежни активности и побрза целосна завршница на овој значаен инфраструктурен проект.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace
default

Инспекторката за општински патен сообраќај Жаклина Пауновска Анѓелковиќ ги повика сите учесници во сообраќајот внимателно да се движат и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.На булеварот „Тодосија Паунов“, во должина од 1.040 метри се изведени атмосферска канализација, тротоар и велосипедска патека. Инвестицијата за реконструкција изнесува 88,9 милиони денари, од кои Министерството за транспорт обезбеди 85,5 милиони, а Општина Кочани 3,4 милиони денари. За изградба на атмосферската канализациска мрежа, Владата одобри дополнителни 62,5 милиони денари.

Креирано од:


Пренеси го гласот