БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Изместени вредности: Како дојдовме до оваа фаза на општествен развој?

ZOON POLITIKON е термин земен од античката филозофија со кој што Аристотел сака да укаже дека човечкото суштество не се разликува по многу од животните, со таа разлика што има тенденција да се организира во групи, со свои водачи, менаџери и разно разни инструменти на влијание кои што се однесуваат на процеси и појави кои влијаат на пошироката група. Во модерно време овој термин се однесува и на лица кои што добро се снаоѓаат во многу вкрстени општествени текови и процеси во средината во која живеат, кои што лесно можат да го антиципираат и воочат однесувањето на заедницата и можат да дефинираат општествен тек на настаните за постигање на определени цели на општествената целина во која живеат додека во најмала рака создаваат перцепција дека се грижат за развој на благосостојбата на групата.
Пренеси го гласот

Сега откако си ја преповторивме историјата дефинирана низ историски цивилизациски вредности, која во денешни рамки се повторува повторно и повторно на ова парче МАкедонска земја, редно е да се позанимаваме со состојбите кои што водат наспроти ваквите вредности на ZOON POLITIKON.

Модерните општествени трендови дефинирани од погрешни изместени вредности водат до рушење на тој концепт кој што нашиот предок Аристотел го втемелил во коренот на постоењето на денешната цивлилизација. Индивидуализмот кој што се повеќе присутен на општествената сцена во Македонија (а и пошироко) е базиран на промената на општествените норми од еден систем на конзервативна демократија кон друг нов систем на т.н. либерална демократија. Со доаѓање во стадиум на либерална демократија, општествената заедница која живее секојдневно бомбардирана од разно разни инстант нови знаења низ призмата на неограничениот проток на информации од модерните алатки на комуникациска интеракција, многу тешко можа да ја воочи линијата за разграничување на либерална демократија и суштинска анархија. Она што во основа ги раздвојува овие два филозофски концепти е владеењето на правото и правдата. Деградацијата на строго воспоставениот систем на морални и општествено- законски норми е увертира во анархија која пак е вовед во физички спротивставености внатре во една општествена група.

Ние како држава моментално (според мое лично скромно мислење) сме дојдени до таа фаза пред портите на анархијата.

Овие физички спротивставености на интереси внатре во еден општествено затворен систем познат под името држава е секако морбидно познат под терминот ГРАЃАНСКА ВОЈНА. Дали ние денеска како општество имаме за цел да бидеме дел од една Граѓанска војна?

Ако одговорот на ова прашање е негативен, тогаш потребно е со сета сериозност да ги воочиме причините што како Македонска држава не доведоа до ова ниво на анархија.

Секој граѓанин на оваа држава има свое индивидуално право да ги дефинира причините и на свој автентичен начин да манифестира свои активности за промена на оваа денешна реалност во која живееме, согласно неговите информации, знаења и преференци кон што и на каде сака да се движи тој како индивидуа и државата во целост. И тоа како вредност во континуитет нашиот народ го манифестира и прави во своето секојдневие борејки се за свој егзистенцијализам. Но она што моментално недостига во средиштето на овој наш современ хаос (анархија) е манифестирање на точно дефинирана мнозинска волја за политички промени на нашето општество. Ако се согласуваме дека човекот е ZOON POLITIKON тогаш како такви мораме да превземеме поголема политичка одговорност и инволвираност врз секој од нас посебно со што би ја промениле иднината кон подобро. Во услови на изразен надолен тренд на нашето општество во сите сфери на општествен живот, поединецот не смее да остане нем и глув на сопствената улога и значење во развојот на настаните околу него.

Сакале ние или не сакале, нашата политичка улога е дефинирана од закономерност на целокупниот систем во кој живееме како држава но и пошироко како цивилизација.

Не може бегството од проблемите преку анимозитет кон политиката во Македонија да го решаваме со исселување во странство, затоа што и таму каде што некој има идеја да се отсели, постои закономерноста на ZOON POLITIKON концептот каде веќе има воспоставено правила на игра.

Недостигот на суштинска дебата во нашето општество за суштинските проблеми кои што се причина за лошиот општествен живот во Македонија е една од причините за повторувањето на едни та исти грешки во минатото. Интелектуалната колективна свест на Македонија е сериозно распадната преку системот на воспитно-образовни алатки кои што започнаа да личат на своевидни митолошки претстави за едно утописко општество кое многу тешко може да се достигне.
Распаднатиот концепт на семејство, предучилишно воспитување и едукација, широката лепеза на проблеми во основното образование, деградацијата и обезвреднувањето на средното образование и целокупната перверзија во високото образование допринесоа до ваква темна состојба на општествено-интелектуелна свест на нашиот политички ентитет наречен Македонија. И ваквиот процес на обезвреднување на воспитно-едукативниот апарат води длабока генеза со децении наназад.

За илустрација денес само да погледнеме која е улогата на МАНУ во денешниот општествен развој на државата? Дали можеме да наброиме од памет барем 5-мина академици кои што оставиле свој белег на времето кое што го живееле/живеат? Толку за образованието како рак рана на нашето патолошки распаднато општество.

bregalnickimarketing

Промените на ваквата состојба се можни иако со секој погрешен направен избор на секој поединец се повеќе се одалечуваме од таа целна станица каде наместо да заминуваат неповратно луѓе од државата може да направиме сите заедно да се враќаат назад.
Како?

Понекогаш во животот на човековото битие се потребни храбри чекори на верба! Оваа по малку и религиска теза едоволна алатка за да се мотивираме себеси за превземање на лична акција на дневна основа со која мислиме дека може да го промениме лошото секојдневие кое го живееме. Тој сплет на мали акции со кои што сме убедени дека можеме да го промениме општествениот систем во кој живееме зависат само од нас и од никој друг.

Македонија отсекогаш била географски простор на интерес на многу посилни и подобро организирани општества од нашето. Влијанието на странските пропаганди во Македонија низ целата позната историја е сеприсутно и широко ангажирано помеѓу народот кој што живее на овој простор. Тоа не е ЗАКАНА! Тоа е МОЖНОСТ!
Во услови кога Македонските граѓани и она што во себе го содржи како духовна и материјална вредност самата држава Македонија се предмет на интерес на многу посилни и многу поразвиени држави, Македонија и Македонските граѓани може да се издигнат на ниво на фактор за стабилизација на самата држава а потоа и како фактор за стабилизација и просперитет во меѓународни рамки.

За ваквата храбра цел потребно е оправдана храброст, базирана на знаење, искуство, чесност, достоинство, толеранција и разбирање.

А токму овие вредности во денешниот наш концепт на се повеќе ZOON отколку POLITIKON се ставени на ѕидот за отстрел пред лицето на историјата.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот