БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Извршена превентивна патрола за превенција од детско престапништво во Велес

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Изминатиот викенд, претставници на  Локалниот совет за превенција од детско престапништво и МВР реализираа превентивна патрола на повеќе локациии во градот како и низ велешките кафулиња. Целта на патролата беше да утврди колку се почитуваат законите и дали малолетниците во ноќните часови се присутни во кафулињата и угостителските објекти во Велес и околу стамбените објекти.

На неколку локации во градот: паркот во ООУ „Васил Главинов“, фонтана „Авона“, фудбалското  игралиште во населбата  „Тунел“ зачестено е присуство на малолетни лица во доцните вечерни часови карактеризирано со правење врева, бучава, возење на мотори и недолично однесување. На затекнатите малолетни лица им беше кажано дека патролите се од превентивен карактер и дека не смеат да го нарушуваат јавниот ред и мир, а во спротивно ќе се повикуваат и нивните родители. При извршените теренски активности не беа затекнати малолетни лица кои конзумираат алкохол во кафулињата. Исто така не беше констатирано нарушување на јавниот ред и мир од страна на малолетни лица. – информираат од општина Велес

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace