Известување за состојбата на Градската депонија и преземени работни активности
ДЕМАНТ ![]()
КЈП “Водовод” Кочани најостро ги демантира наводите изнесени од поединци на социјалната мрежа facebook дека Градската депонија во моментот е повторно запалена.
КЈП “Водовод” Кочани упатува апел до граѓаните да се воздржат од ширење на дезинформации и шпекулации на социјалните медиуми!
И покрај лошите временски услови, изминатата седмица од страна на приватни компании кои вршат градежни активности на територија на Општина Кочани се врши редовен дотур на земја до Градската депонија.
Економскиот оператор кој е избран на јавна набавка за оддржување на Градската депонија со тешка механизација, секојдневно е присутен на терен и активно работи на туркање на ново пристигнатиот отпад и негово затрупување со земја.
Поставената стражарска служба од страна на КЈП “Водовод” Кочани и Општина Кочани врши засилена контрола и евиденција на возилата од Кочани кои депонираат отпад на Градската депонија.
Одговорното лице определено од КЈП “Водовод” Кочани за управување и менаџирање со ново пристигнатиот отпад на Градската депонија секојдневно врши контрола, селектирање и распоредување за подоцнежно правилно и олеснето третирање на новиот отпад.
Овластени лица од КЈП “Водовод” Кочани преку поставениот видео мониторинг вршат редовна контрола за состојбата на Градската депонија како и за начинот на депонирање на отпад.
КЈП “Водовод” Кочани ги известува граѓаните на Општина Кочани дека приватните превозници на отпад и граѓаните може да го депонираат отпадот на Градската депонија секој ден од 08 часот до 16 часот при што задолжително треба да се придржуваат до распоредот и начинот на кипање кој ќе го определи стражарската служба на Градската депонија!
КЈП “Водовод” Кочани ги известува граѓаните на Општина Кочани дека најстрого е забрането депонирање на отпад од гума и метал на Градската депонија!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година