Првиот круг од Претседателските избори кој се одржа на 24 април овозможи огромна победа на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” Професорката Гордана Сиљановска Давкова. Со разлика од близу 800 гласови предност во Делчево како и во целиот Брегалнички Регион со разлика од над 10000 гласови, политиките на Професорката Гордана Сиљановска Давкова се покажаа најприфатливи за Македонските граѓани во овој дел од државата.
После подолго време конзервативната народна опција предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Делчево на овие избори извојува убедлива победа речиси на сите избирачки места во општина Делчево со исклучок на дел од населбата Ново Делчево, дел од населбата Први Реон како и мал дел од населбата Милково Брдо во градот Делчево како и на 2 избирачки места во рурални средини.
Ваквиот “потоп” на политиките на СДСМ и Стево Пендаровски во Делчево е своевидно изненадување дури и за најголемите познавачи на состојбите, имајки ги во предвид последователните порази кои ги трпеше опозицијата во Делчево на претходните повеќе изборни циклуси.
Но со детална анализа на состојбите како во таборот на СДСМ така и во таборот на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево ваквиот резултат е повеќе од очекуван.
Имено акко ги погледнеме носечките функционери на политиките на СДСМ во Делчево ќе забележиме една константна нивна неспособност за испорачување на ветените проекти и политики од една страна и нивна ароганција кон граѓанското јадро на граѓани во општината од друга страна.
Градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски кој што доминираше во партиската хиерархија во изминатите години во политиките на СДСМ не успеа да извојува победа ни во неговата населба, помеѓу неговите комшии во населбата Маир Маало во Делчево. Ваквата ситуација е логичко слетство најмногу поради нереаизираните ветувања за жителите од оваа населба во изминатиот период, но и неговиот личен однос во неговата комуникација со неговите комшии.

Доскорешната пратеничка од СДСМ во парламентот Соња Михајловска исто така загуби на избирачкото место каде што гласа во дел од населбата Ново Делчево. На избирачко место 0572 се случи пораз на политиките на СДСМ што од нереализираните ветувања на градоначалникот на Делчево за жителите на овој дел од населбата, но и поради слабата реализација и учинок во работата на самата пратеничка Соња Михајловска која како пратеник кој што не беше забележлива во парламентот, остана позната по измамата на граѓаните дека ќе овозможи автобуска линија на релација Делчево-Скопје за делчевчани која што повеќе години недостига.

Во оваа мала анализа посебен дел ќе посветиме и на учинокот и залслугите на кандидатот за пратеник од Делчево кој што се наоѓа на кандидатската листа за пратеници во третата изборна единица од СДСМ а тоа е поранешниот Претседател на Советот на Општина Длечево адвокатот Драган Маневски.
Драган Маневски покрај оваа негова функција која помина бледо и без особени подвизи кои би останале запаметени во неговиот мандат како претседател на Советот на општина Длечево во период 20172021 година, е познат од прес конференциите и реакциите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои што реагираа за неговите бенефиции кои ги уживаше како партиски функционер но и бизнис зделките со јавни институции под контрола на функционери на СДСМ.
Безидејноста и потиштеноста на теренската кампања на СДСМ е заеднички именител на целокупната актуелна структура на СДСМ во Делчево што секако се рефлектира на најслабиот резултат кој што во таборот на социјал демократите го имаат забележано на едни избори во Делчево. На целата рашамонијада во политиките на СДСМ во Делчево м кумува и лошата кадрова политика која се базираше на брутален партиски и роднински непотизам кој што во СДСМ ја возобнови т.н. владеачка каста на деца на поранешни партиски функционери на СДСМ кои што доминираа во тешкиот транзициски период во 90-тите години од минатиот период.
Од друга страна во таборот на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на нивната кампања забележлива е силна нова енергија на нови млади луѓе кои што систематски и теренски ги практикуваат своите политики на конструктивна критика на сите штетни политики и појави во владеењето на СДСМ Во Делчево но и реална понуда на решенија за многу горливи прашања кои ги тиштат делчевчани во изминатите 7 години.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општествена, медиумска и политичка Некрофилија во Македонија: Општи карактеристики и штетата која може да ја предизвикаат
Некрофилската политика на СДС и нивните медиумски мегафони не може да доведе до ништо добро за граѓаните.
Врската помеѓу духовното и материјалното