Кому му пречат 50.000 Македонци собрани на едно место кои го прославуваат 35 годишното постоење на Македонската независна држава?
Тоа што актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведе целомесечна манифестација за одбележување на 35 годишнината од Македонската независност низ цела држава со најдобрите Македонски и светски уметници е несоборлив историски акт на потврда на Македонската самобитност, идентитет и постоење.
Македонија беше на меѓународната мапа според сите цивилизациски обележја на денешнината со една силна порака: Македонската независна држава слави 35 години независност!
Таа порака не може со никакви сили и присила, закани и уцени да се негира и поништи! Не може со никакви пари да се купи, да се продаде и да се манифестира, освен на начинот на кој што тоа го направија луѓето кои што го обмислија и го спроведоа овој концепт за прослава на независноста во изминатите неколку месеци.
Тоа е порака пред олтарот на времето, дека во 2026 година Македонската слободна и независна држава го прославуваше своето 35 годишно постоење пред лицето на светот со културни и цивилизациски вредности со сите врвни почести како секој прогресивен европски народ и држава.
За да упатат ваква порака во Европа и пред светот за постоење на Македонскиот идентитет, генерации Македонци во минатото ги давале своите животи додека нивни современици кокетирале со окупаторите на Македонската земја, кодошеле се што можеле да искодошат, и ги исмевале ваквите жртви за Македонската кауза на само ним својствен перфиден начин.
Оваа порака која во изминатиот месец беше упатена на современа културна и прогресивна јавна сцена во светската историографија особено добива на сила и интензитет имајки го предвид негаторскиот став кон постоењето на Македонската држава на соседните држави, кон постоењето на Македонскиот идентитет и сите негови идентитетски обележја.

И во тој контекст повтонно по кој знае кој пат денес се наоѓаат наши современици пресликани во ликот и делото на Венко Филипче и неговата СДС кои бараат криминал во еден од најсилните начини за афирмација на Македонското постоење и слобода.
Па Филипче на сето тоа вели парите потрошени за прославата требало да се дадат за социјални трансфери кон граѓаните за обезбедување храна и слични кумуњарски флоскули.
-Класично комуњарско извртување на вредноста на Македонската самобитност за хранење на вечно штетниот социјалистички менталитет за создавање на најмизерна зависност на граѓаните од милоста на државата.
И што кога ќе ги дадеме сите пари во државата за храна на “гладните” бре Филипче?
Дали државата ќе биде со подобра перспектива од тоа што е денес?
Но не! Не му е на Венко Филипче целта да ги нахрани гладните! Целта на Венко е да се додвори на душманите на Македонското постоење за да му овозможат логистика за излез од пролупаното дно во кое тој и таквите како него ја донесоа СДС, тотално според прирачникот на неговиот тутор и поранешен премиер Зoran Заев.
Она што се уште е останато од опозициската СДС во ликот и делото на Венко Филипче најдрско и најлкатегорично се спротивстави на ваквото одбележување на Македонската независност со таа политичка сила која што се уште ја има кај оваа национално исплакната политичка сила во Македонија.
И ваквиот став на Венко Филипче и тоа што преостана во СДС не е за изненадување. Тој став е единствената константа која што СДСМ со различни генерации на политичари ја носи со себе во нивноито 35 годишно постоење.
Добро е што Венко Филипче со ваквите национално исперени политики упорно се залетува кон ѕидот наречен Македонски идентитет, каде се обидува да гребе со сите сили.
Тој идентитет постоел, постои како што можеше да виде цела Европа и цел свет на јавна сцена, и гордост е што Македонците можат на најсвечен начин со културни и прогресивни вредности со многу забава и заедништво да кажат НИЕ ПОСТОИМЕ.
А тоа може да им засмета само на душманите на Македонското постоење


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Последниот пишувач на љубовни писма
Алекс Букарски: Последното сонце на михољско лето
Алекс Букарски: Час