Диверзантско-кукавичкиот чин на палење на автомобилот на пратеникот Петар Ристески од Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ содржи неколку аспекти и претпоставки кои што би сакал да ги искоментирам.
1.Чинот е дело на партиски структури на СДСМ
Иако лицата/то кои се одговорни за ваквиот чин не се официјално пронајдени и најверојатно нема да бидат пронајдени од страна на полицијата под контрола на Оливер Спасовски, сепак ваквиот чин во себе содржи “запис” кој што е одлика на одредени структури во СДСМ кои што имаат за цел да креираат соодветна јавна перцепција, во случајот страв и терор. Вакви акти на загрозување на општата безбедност и предизвикување на материјална штета врз политичките неистомисленици не се нови. Само ќе спомнам дека семејниот автомобил на тогаш кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки беше уништен во екот на предизборната кампања во 2020 година. Исто така слични чинови на вандализам во Делчево беа применети во предизборието во 2016 година врз автомобилите на истакнати активнисти на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево. Заедно со палењето на автомобилот на пратеникот Јован Јаулески од Струга ваквите појави верувам дека се присутни во помал обем насекаде низ државата, но поминуваат одминати од очите на јавноста поради одбегнување на ефектите кои што сакаат овие структури на СДСМ да ги предизвикаат во јавноста.
2.Ударот на терористичкиот чин е насочен врз најсилните и непоколебливи политички неистомисленици
Целта на терористичкиот акт не е да се убедат жртвите кои се директно на удар во нешто што е против нивниот интерес. Целта е преку ваквиот терористички чин да се поколебаат послабите преку порака дека еве штом најсилните вака поминуваат оштетени од терористичкиот чин, што станува со оние послабите. Ваквиот метод на тероризам редовно оди во комбинација со дознавање на потребите и “слабите страни” на вистинските таргет поединци , со определена доза на поткуп и понатамошен притисок и уцени..
3. Ваквата пракса на спој на терор, присила, уцени, поткуп, разузнавачки информации и тоа како делува во МАкедонија во изминатиот период. Спојот на сите овие карики во насока на остварување на политички цели е единствено можен само под туторство на власта која е во рацета на СДСМ (и ДУИ). Предизвикателите на ваквите терористички акти никогаш не се идентификувани што дополнително говори за спрегата на власта со ваквите криминални структури.
Т.н. Балкански методи за промена на името на Република Македонија беа споменувани од политичкиот естаблишмент на највисоко ниво во Брисел. Никој не се ни обиде да превземе нешто против оваа малигна појава која го разјадува и она малку демократско ниво на живот во Македонија што останало.
Структурите кои се дел од ваквиот систем на репресија и владеење против волјата на граѓаните се и тоа како моќни и за нивно разобличување и санкционирање не е потребно само политичка волја, туку многу знаење, капацитет и визија.
Во борбата против целокупниот тероризам во Македонија (вербален и физички) несомнено ќе страдаат многу поединци, но она што во вакви моменти е поопасно е колективното пропаѓање на цел еден систем на вредности кои што со себе ги носи Македонскиот идентитет.
Пишува: Кирчо Анастасов
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Трка меѓу пари, слава и моќ или хармонија, посветеност и внимание на семејството?
Македонија за првпат како политички термин се спомнува на знамето на Разловечкото востание
Тресокот кој го разградува нашиот државнички капацитет како Македонски народ