Иницијативен одбор формиран од група пензионери од Штип бараат отчет за празната сметка на штипското Здружение на пензионери. Прашуваат каде се потрошени 700.000 евра, пари со кои располагале штипските пензионери. Обвинуваат за низа неправилности и недомаќинско трошење на средствата.
Експресен одговор пристигна и од првиот штипски пензионер Александар Захариев.Според него обвинувањата на Иницијативниот одбор се упатени на грешна адреса, бидејќи во времето кога се трошеле парите, тој не бил претседател. Дел од парите околу 500.000 евра се инвестирани во изградбата на Дом за стари лица, кој за жал се води како дивоградба.
Изградабата на Домот за стари лица во Штип беше стопирана во 2015 година, откако Јавното обвинителство даде забрана за градба. Засега се изградени четири ката и е потрошена целата заштеда на штипските пензионери.