Иако постојано слушаме за важноста на безбедносниот појас во автомобил, сведоци сме на безброј реклами и предавања, многумина го игнорираат и не се свесни за неговата моќ.
Додека едни се врзуваат на секое влегување во автомобил, други го прават тоа само кога одат на пат наместо и локално низ град, а некои воопшто не го ни користат. Во Македонија најчести се оние кои воопшто не го користат или само кога мораат.
Но, со оглед на бројките на загинати во сообраќајни несреќи поради не користење на безбедносен појас, NZ Transport Agency од Нов Зеланд, организирала кампања за подигање на свеста кај возачите и оние кои се возат во автомобил.
Шокантните фотографии на кои се гледаат модринките од безбедносниот појас кои се појавуваат после несреќа, ја покажуваат неговата важност. Оваа кампања има за цел да го намали бројот на смртни случаи на патиштата. Според нив, секоја година умираат по 90 луѓе бидејќи не ги носеле нивните безбедносни појаси. Повеќето од нив биле млади мажи од рурални средини. Портретите на фотографиите се од 10 луѓе кои преживеале сообраќајна несреќа, а нивните повреди од несреќата биле рекреирани со помош на шминка.
„Безбедносниот појас навистина остава ваков белег. Ќе ви го спаси животот, но ќе остави белег за да ви покаже како го направил тоа“,изјавила доктор Наташа Мекеј која учествувала во проектот.
„Ставете го безбедносниот појас. Не е важно колку е кратко патувањето. Никогаш не знаете кој ќе се појави на раскрсницата или кој ќе ве удри на паркингот“, била пораката на Вили Карбери кој во 2014 – та година удрил во бандера и ја преживеал ужасната несреќа благодарение на неговиот безбедносен појас.
Погледнете ги овие луѓе кои со нивните фотографии ќе ви ја поттикнат свесноста за вашата безбедност при возење:
1. Лијам Бетел

2. Каутија Фостер

3. Дион Пери

4. Ден Мејсон

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
🎭 Поддржете ги нашите 16 млади балетски уметници да заблескаат на Финалето на Youth American Grand Prix! ✨
Објавен конкурс за нови композиции фестивал “Бисер на Јадранот” 2025. – повик за пејачи, автори од Македонија
Таа е кралицата на New Age музиката, живее во замок до кој се пристапува со хеликоптер