БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Комплетирана програмата за музичкиот дел на „Каменичко Културно Лето 2019“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

 „Каменичко Културно Лето 2019“, еден од најмасовните музички настани кој по 11-пат ќе се одржи во Македонска Каменица, ќе ви приреди незаборавна забава.  Како што информираат од Општината, покрај македонските Анета и група Молика, 2 Бона и локалниот бенд Риплеј, потврден е и настапот на српската музичка ѕвезди Наташа Беквалац.

-Главното случување е на 28 август каде пред присутните ќе настапат група Галија и Тропико бенд. За време на „Каменичко Културно Лето“ се очекува дека повеќе од 20 илјади посетители ќе дојдат во Македонска Каменица и ќе имаат можност да уживаат во бесплатните концерти на популарните изведувачи, информираат од Општината.

Манифестацијата се одржува на крајот на летото од причина што на 28 август се прославува и Денот на општина Македонска Каменица и Денот на рударите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Манифестацијата е финансирана од Општина Македонска Каменица и Рудник Саса. 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace