БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Погледнете го уникатниот дизајн за хотел кој лебди во воздух, на архитектонското студио Хајри Атак во Норвешка

Пренеси го гласот

Студиото за архитектонски дизајн „Хајри Атак“ дизајнираше концепт за  хотел на карпа во Норвешка, кој вклучува базен со конзистентно стакло.

Истанбулското Студио за архитектонски дизајн Хајри Атак предложи изградба на хотел на локација висока 600 метри на Преикстолен – стрмна карпа на популарно туристичко место на западниот дел на Норвешка што го надвиснува фјордот Лисејфорн.

Намерата е дасе обезбеди рекреација и возбуда преку качување по пешачки патеки околу карпата, и да се долови чувството за „живеење на работ“.

Визуелноста на студиото за архитектонскиот дизајн на Хајри Атак е посебно уникатна на влезот во хотелот бидејќи е на врвот од карпа, кој има природно рамна површина.

Гостите соред овој концепт ќе имаат можност да одберат еден од деветте гостински апартмани со заедничка дневна просторија, кои што се вградени во карпестата површина.

Просториите се поделени на три спрата и се отвораат на заеднички балкони што излегуваат од работ за да понудат непрекинат поглед на фјордот и околните планини.

Дневната соба има заеднички балкон што се протега подалеку од оние што припаѓаат на гостинските спални соби и има огромен отворен базен.

Наменето за „поавантуристички посетители“, долгите тесни конзоли за базени несигурно излегуваат од работ на балконот и се изработени целосно од стакло за  пливачите кои сакаат да уживаат во пејзажот.

„Иако не бев таму, почувствував адреналин како да стојам на работ“, вели Атак. „Потоа сонував да живеам на работ и понатаму од него. Едноставно, сакав да го продолжам ова искуство и по границата, и замислата да го имам ова искуство едноставно ме инспирираше.“ – објаснува сопственикот на Хајри Атак.

Компас базените исто така неодамна предложија базен со драматичен концепт базен Infinity London во Лондон. Замислена на врвот на кулата во Лондон, таа ќе стане првиот светски базен за бесконечност од 360 степени каде ќе се пристапува преку врата во подморница.

Креирано од:


Пренеси го гласот