БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Здрав рецепт за зимница без конзерванси

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Есента ни е на праг, а со тоа и плановите за зимница. Кога приготвуваме зимница тогаш ни е потребен наједноставниот и најпрактичен начин да се задржат витамините од свежиот зеленчук до следната пролет, со помош на природни конзерванси кои се добри за нашето здравје…

Потребни состојки:

  • Краставици
  • Зелен патлиџан
  • Моркови
  • Карфиол
  • Келераба
  • Кромид (помала главица)
  • Ротквица
  • Пиперки
  • Зелка

Потребни зачини:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace
  • Сол
  • Шеќер
  • Бибер во зрна
  • Ловоров лист
  • Оцет со 9% алкохол

Измијте го целиот зеленчук добро, исчистете го од темните делови и добро исушете го од водата. По потреба исечкајте. Во теглите наредете го зеленчукот густо, наизменично, а потоа сипете по една мала шолја оцет, лажичка сол, лажичка шеќер, неколку зрна бибер и еден ловоров лист.

Теглите наполнете ги до врв со ладна вода, добро затворете ги и наредете ги во големо тенџере така што ќе бидат потопени целосно во вода. Тенџерето ставете го на шпорет и оставете ја водата да врие, а потоа намалете го огнот и оставете ги тивко да се варат 10-тина минути. Потоа внимателно извадете ги теглите и со капаците насочени кон долу наместете ги во некој голем сад и прекријте ги со крпи. Оставете ги да се оладат на собна температура во текот на ноќта.

Зимницата припремена на овој начин е целосно конзервирана без никакви штетни додатоци, природна е и нема да се расипе со тек на време.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace