Денеска, во Владата на Македонија, ја одржав конститутивната седница на Националната комисија за УНЕСКО, на која претседавав како министер за култура и туризам. Се чувствувам горд што ја имам честа да бидам претседател на оваа важна комисија.
На седницата разгледавме и усвоивме Деловник за работа, што е клучно за организирање на нашите идни активности во рамките на соработката со УНЕСКО. Се осврнавме на тековните и идните проекти и начините на координација со сите ресорни органи, институции и организации.
Националната комисија за УНЕСКО е составена од 21 член, вклучувајќи министри од Владата, претставници од државните органи и јавни институции, здруженија на граѓани и експерти во областите поврзани со програмските приоритети на организацијата. Верувам дека заедно можеме да овозможиме значајна поддршка и напредок во зачувувањето и промоцијата на нашето културно наследство.
Извор: Зоран Љутков- Министер за култура и туризам

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!
АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
Денеска се одржа саем на женско претприемништво „ЕКСПО 2026“