vvВо периодот од 5 октомври до 15 ноември 2026 година, на увид на јавноста се достапни Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот Плански Регион и Нацрт-регионалниот план за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот Регион.
Целта е да се обезбеди навремено информирање и да се овозможи учество на јавноста во постапката за подготовка на Регионалниот план за управување со отпадот и во постапката за стратегиска оцена на животната средина на овој плански документ.
Регионалниот план за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот Регион и Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионалниот план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот Плански Регион се документи подготвени во рамките на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот Регион“ (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Електронска верзија од горенаведените документи се достапни на веб-страниците на:
- Министерството за животна средина и просторно планирање (https://www.moepp.gov.mk/)
- Центарот за развој на Источен Плански Регион (https://eastregion.mk/)
- Општина Кочани (https://kocani.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%be-%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d1%81%d0%b5%d0%b3/)
Се повикуваат јавните комунални претпријатија, претставниците на бизнис-секторот, сите заинтересирани страни, институции, организации, здруженија, претставници на граѓанските здруженија, стручната јавност и локалното население активно да се вклучат во јавниот увид на нацрт-документите и да ги достават своите коментари, забелешки и предлози во однос на документите.
Лице за контакт од Источниот Плански Регион е Емил Василев, на чијашто е-адреса: emil.vasilev@

Како дел од постапката за стратегиска оценка врз животната средина за планскиот документ, Меѓуопштинските одбори за управување со отпад во Источниот и Североисточниот Регион организираат јавни расправи на кои исто така јавноста може да ги даде своите забелешки и коментари по нацрт-документите ставени на јавен увид.
Јавната расправа во Кочани ќе се одржи на 20 октомври 2026 година, во Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток во 11 ч.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа