Вечерва во Штип пред партиските членови и активисти на СДСМ Премиерот Ковачевски е обрати со оптимистички прогнози во врска со состојбата во економијата во државата.
Тој најави офанзива, за победа над кризата а за што вели дека економските показатели влеваат надеж.
“Имам одржлив економски план, 2023 е година на економски пресврт и нова надеж. Со сето мое менаџерско и економско искуство, градено 22 години во приватниот сектор, со резултатот во изминатите 10 месеци ви велам дека следната година ќе биде подобро. Со новиот буџет за наредната година и економскиот план, тргнуваме во офанзива. Конечно да ја победиме кризата, да почнеме да растеме, да го зголемиме животниот стандард, да ја реализираме енергетската транзиција. Клучните економски показатели влеваат надеж.
Предвидувањата на ЕБОР се дека македонската економија во следната година ќе има раст од 2.3 отсто. Многу повеќе од проекцијата за земјите од еврозоната која изнесува 0.3 отсто. Народната банка вели дека и оваа година ќе успееме да ја завршиме со раст од над 2 проценти. Нема недостижна цел, 2023 година е економска пресвртница.”
-соопшти Димитер Ковачевски вечерва од Штип.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!