СВР Штип – ОВР Берово поднесе кривични пријави против правно лице – угостителски објект од Пехчево и против С.П.(43) од Пехчево и против правно лице – угостителски објект од Берово и В.К.(32) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“.
Пријавениот С.П., сопственик и управител на правното лице од Пехчево, на катастарска парцела во Пехчево во државна соспственост, без одобрение за градење издадено од надлежен орган, изградил тврд објект во кој што е сместен угостителскиот објект и вршел угостителска дејност.
Пријавениот В.К., сопственик и управител на правното лице од Берово, на катастарска парцела, сопственост на Т.К. и М.К., на земјоделско земјиште, надвор од урбанистички план за град Берово, бесправно изградил тврд објект во кој што е сместен угостителскиот објект во кој вршел угостителска дејност.
Кривични пријави против две правни и две физички лица во Пехчево и Берово за бесправно градење

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари
Амбасадорот на Чешка во посета на Кочани
Лишен од слобода возач од Пробиштип, управувал возило под дејство на алкохол