БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Крвави пари- Компании кои профитираат најмногу од бесконечната војна (Прв дел)

Пренеси го гласот

Воените буџети на земјите ширум светот постојано се зголемуваат. Во 2017 година забележан е раст од 1.1% од претходната година, според Меѓународниот институтот за мировни истражувања во Стокхолм.

Буџетот наменет за армијата на САД таа година пораснал на 9.6 милјарди долари, со што значително го подигнал светскиот просек, давајќи им на САД повторно и повторно примат на најголем светски потрошувач во воени цели до сега.

Трошењето на енормни суми на пари во воени цели од страна на САД како причина лежи во поствоениот период по Втората светска војна наречен Нов капитализам на Пентагон, кој што етапно прерасна во милитаристичко-индустриски комплекс.

Моделот кој што на револуционерен начин беше инициран од Претседателот Двајт Ајзенхауер уште кога бил Секретар за одбрана пред да стане претседател, се погрижи сите научни, индустриски и технолошки капацитети на САД да бидат ставени во функција на воената инфраструктура како нејзин органски составен дел. Овој модел потоа доведе до етаблирање на воено-цивилна економска основа или воено-индустриски комплекс, кој што приод Ајзенхауер јавно го критикуваше во 1961 година во текот на неговото последно обраќање кон нацијата.

Цивилната индустрија, науката и академските ресурси беа користени и се уште денес се користат во прилог на растечкиот воен буџет хранети како причина од состојбата на постојана војна со непријателите од ерата на Студената војна со децении, градејќи углед на неприкосновена светска воена доминација на САД. Но, од друга страна ваквиот постојано растечки тренд на зголемување на воениот Буџет за армијата, предизвикува огромни кратења на ресурси од другите сфери на американското секојдневие.

Главниот корисник на ваквите политики е американската воена индустрија. САД се дом на пет од десетте најголеми воени контрактори што допринесуваат со 57% во вкупниот продажен пазар на светско ниво според САД денес.

Компаниите како што е Локхиид Мартин ( Lockheed Martin ) имаат годишни приходи кои што се поголеми од годишните приходи на Внатрешниот даночен сервис (даночната управа на САД) и Агенцијата за заштита на животната средина на САД.

Ваквите компании прибираат вртоглави профити за себе како резултат на трговија со оружје, кое што се користи за причинување на најголемите масакри и загуба на човечки животи и материјални добра во зони на борбено дејство како она во Јемен на пример.

Во продолжение ги пренесуваме имињата на компаниите кои создаваат најголем профит како резултат на зависноста на државите од воени дејствија ширум светот:

20. Текстрон (Textron)

Земја: САД

Продажба на оружје: 4.1 милјарда долари

Вкупна продажба: 14.2 милјарди

Годишен профит: 1.2 милјарди долари

Главни производи: Оклопни возила, беспилотни летала, јуришни хеликоптери.

19. Поморска група (Naval Group)

Земја: Франција

Продажба на оружје: 4.1 милјарда долари

Вкупна продажба: 4.2 милјарди

Годишен профит: 36.5 милиони долари

Главни производи: Морнарички одбрамбени системи, воени бродови и подморници.

18. Леидос (Leidos)

Земја: САД

Продажба на оружје: 4.4 милјарда долари

Вкупна продажба: 10.2 милјарди

Годишен профит: 242 милиони долари

Главни производи: IT инфраструктура, анализа на податоци, сајбер безбедност, логистика, сретства за набљудување и следење и развој на опрема и одржување.

17. Ролс Ројс (Rolls- Royce)

Земја: Велика Британија

Продажба на оружје: 4.4 милјарда долари

Вкупна продажба: 19.3 милјарди долари

Годишен профит: 5.3 милјарди долари

Главни производи: Одбрамбено воздухопловство, морнарица и нуклеарни енергетски системи, вклучувајќи мотори за воздухоплови како C-130 Hercules, T-45 Goshawk и Јапонската V-22 Osprey воена флота.

16. Ханивел Интернационал (Honeywell International)

Земја: САД

bregalnickimarketing

Продажба на оружје: 4.5 милјарда долари

Вкупна продажба: 40.5 милјарди

Годишен профит: 1.7 милјарди долари

Главни производи: Оружје за долг дострел, оперативни системи за беспилотни летала и системи за навигација на ракети, мотори за хеликоптерите T55 Chinook, услуги за одржување на опрема.

15. Обединета корпорација за бродови (United Shipbuilding Corp.)

Земја: Русија

Продажба на оружје: 5.0 милијарда долари

Вкупна продажба: 5.6 милијарди

Годишен профит: 101 милиони долари

Главни производи: Изградба на бродови, Услуги за поравка и одржување на постројки низ Руската федерација

14. Обединета Корпорација за Воздухоплови (United Aircraft Corp. )

Земја: Русија

Продажба на оружје: 6.4 милијарда долари

Вкупна продажба: 7.7 милијарди

Годишен профит: 325.3 милиони долари

Главни производи: МИГ, Сухои, Борбени авиони ЈАК

13. Хантингтон Ингалс Индустри (Huntington Ingalls Industries)

Земја: САД

Продажба на оружје: 6.5 милјарда долари

Вкупна продажба: 7.4 милјарди

Годишен профит: 479 милиони долари

Главни производи: Нуклеарни носачи на авиони и нуклеарни подморници, Површински борбени сретства, јуришни амфибии и транспортни возила, Воена технологија за крајбрежната стража.

12. Л-3 Технологии (L-3 Technologies)

Земја: САД
Продажба на оружје: 7.8 милјарди долари
Вкупно продажба: 9.8 милјарди долари
Остварен годишен профит: 693 милиони долари
Главни производи: Разузнавање, Следење и набљудување, Извидувачки услуги, Технологија за комуникација во врвните американски дронови како што е Предатор и Глобален Сокол, Дистрибуција на енергија и комуникациска технологија која се користи од страна на поморските сили на САД- Подморниците од класата Виџинија.

11. Корпорација за обединети технологии (United Technologies Corp.)

Земја: САД
Продажба на оружје: 7.8 милјарди долари
Вкупно продажба: 59.8 милјарди долари
Остварен годишен профит: 4.9 милјарди долари
Главни производи: Напредни технологии за воените хеликоптери за спасување, автопилотни системи, оружје со ласерско наведување, мотори за воени авиони кои се користат во 34 земји низ цел свет, вклучително и најновите американски авиони.

Продолжува…

Креирано од:


Пренеси го гласот