Во вторник 30.07.2019 година со почеток во 10.00 часот во Master-Центар за странски јазици – Делчево во Делчево ќе започне Летната школа по Македонистика за изучување на:
-Граматика на Македонскиот литературен јазик;
-Автори и литературни дела од Преродбенскиот период, Периодот меѓу двете светски војни, Периодот по втората светска војна како и периодот од осамостојувањето на Република Македонија до денес;
-Изучување на културата и традицијата на Македонскиот народ од различни периоди низ историјата;
-Изучување на културата и традицијата на регионот Пијанец-Малеш
-Изучување на природните, историските, туристичките и економските потенцијали на регионот Пијанец и Општина Делчево.
Наставата е предвидено да ја посетуваат деца и младинци до 16 години по потекло од Македонија а кои живеат во странство подолг временски период.
Наставата ќе ја изведуваат наставници и професори по Македонски јазик и литература, културни работници и останати експерти од предвидените области.
ЛИСТАТА НА УЧЕСНИЦИ СЕ УШТЕ Е ОТВОРЕНА А ПРИЈАВУВАЊЕ СЕ ВРШИ НА СЛЕДНИВЕ КОНТАКТИ:
E-mail: novazoramkd@gmail.com
На facebook во inbox на нашата страна: МЦМД “Нова Зора” Делчево или со коментар во нашата фејсбук група МЦМД НОВА ЗОРА ДЕЛЧЕВО (Клуб на фанови)
Телефонски: 00 389 (0)79 329 300
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
В. д. градоначалникот Крстевски на средба со директорот на „Амфенол“ Наков и со жители на Тркање
Двајца вработени во Центар за јавно здравје- Виница добија кривична пријава
Жител на Пробиштип доби кривична за насилство и напад на службено лице