БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Локалните избори – Казна и крај за локалните шерифи

Пренеси го гласот

Победата на Локалните избори на опозицијата, треба да го донесе крајот на неславното владеење на власта.

Сетете се само што се направија во овие 4-5 години, колку ја силуваа правдата и волјата на граѓаните, колку само чеда македонски заминаа во еден правец, колку само глупости донесоа и колку само ја осакатија државата..
Колку ли грам совест немаа да менуваат име на држава, за да влезат во Мал Шенген, кој пак, беше преименуван во Отворен Балкан. Шенген не прима Авганистанци, ама затоа отворениот Балкан е отворен за сите, само не за граѓаните што живеат во своите држави!

Сетете се само како доаѓаа во Собрание, позитивни на Ковид, за да гласаат со скафандери, додека илјадници браќа и сестри го губеа животот на некоја од Клиниките..
Сетете се само, како се возеа со хеликоптери за да се себепромовираат  пред населението, додека илјадници квадрати шума и десетици куќи изгореа..
Сетете се како се ветуваа и како гарантираа дека името и уставот нема да го менуваат, но, го сменија..
Сетете се дека нивните деца добиваа луксузни и скапи стипендии за школување, додека останатите граѓани за лечење мора да молат преку смс донации од другите граѓани..
Сетете се дека правеа политички прогон, затвораа луѓе во затвор, додека криминалци пуштаа на слобода само за да им донесат гласови за избори..
Исто така, сетете се дека издадоа стотици и илјадници документи, лични карти и пасоши, на најголеми криминалци во светот, додека за своите граѓани немаат да издадат неколку месеци документи..
Сетете се дека местеа судски пресуди, па тие што беа виновни за криминалот претходно, ги врзаа во скут и ги направија партнери..
Сетете се дека даваа илјадници евра за обука на магариња, украдена дрога, фризерници, ф’стаци, лубриканти..
Сетете се дека ги продадоа своите граѓани, за свои лични интереси.

На локално ниво, ветуваа брда и долини, а сепак заглавија во невиден криминал.
Ветуваа живот за сите и дека нема да коалицираат со криминалци, сепак се соединија и направија картел кој функционира беспрекорно.

Времето на лошите политики заврши!
Времето на нишај врата – земај плата, заврши.
Заврши и се што беше ветено, а остана неостварено.
Завршуваат и соновите на оние кои преку маката на народот, се збогатија, аздисаа, и го потценија истиот народ, го навредија и г предадоа.
Дното го пробија кога станува збор за неработење.
Се што ќе ветат сега, ќе го ветат од истите програми пред 4 години. Затоа што да го сработеа ветеното, сега ќе требаше да смислат ново, и да сработат за себе и своите граѓани.

Локалните избори треба да бидат крајот за локалните шерифи, и почеток на семакедонска победа, револуција, која ќе резултира со создавање Влада која ќе работи за македонските граѓани.

Почитувани граѓани, пријатели, браќа и сестри, сетете се, кога последен пат сте биле поразочарани од политика и од политичари?
Тоа е така, затоа што на власт како на централно, така и на локално ниво, немаме политичари, туку имаме манипулатори кој ги интересира само соптсвениот џеб, но, не и вашиот.
Нив не ги боли тоа што дома ви е празен фрижидерот, тоа што треба да се стискате од први до први дали ќе имате да платите сметки, дали ќе имате да ставите гориво во возилата, или пак ќе имате да отидете некаде на викенд.
Не ги интересира тоа за вас, туку тие имаат дупло повеќе од тоа.
Затоа да ги казниме оние што не работеа ништо, а ги плаќавме дебело.

Да направиме поубаво место за живеење за сите нас, без оглед на етничка, верска припадност. Сите заслужуваме поубаво живеење!

Пишува: Мартин Ристевски –  Дипломиран политиколог 

Креирано од:


Пренеси го гласот