БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мајк Тајсон доби понуда од 16.2 милиони фунти за бокс меч

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Ваквата финансиска понуда поранешниот светски шампион во тешка категорија во бокс Мајк Тајсон ја добил во морето од понуди за неговен кам бек во боксерскиот ринг.

Неодамна беше објавено видео од Тајсон како тој тренира со својот тренер и иако е на 53 годишна возраст изгледа дека е во топ форма и подготвен повторно да влезе во боксерскиот ринг на професионална бокс борба. Видеото достигна вирално ниво на гледаност од над 10 милиони прегледи за краток период.

На видеото “Доживотно лошото момче” (како што себеси се нарекува Тајсон) покажува исклучителна брзина и цврстина на неговиот удар како во неговите најблескави моменти од кариерата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Неговиот тренер во врска со формата на Мајк Тајсон предупредил дека Мајк Тајсон се уште го поседува својот убиствен удар со силина со која може да убие некого во рингот.

Неодамна Тајсон доби финансиска понуда од 1 милион долари за да влезе во рингот против Сони Бил Вилијамс кој што е рагби ѕвезда во Њу Зеланд и освојувач на Светскиот куп. Исто така во спортските кулоари се зборува од поодмна за реванш меч на Тајсон против Дени Вилијамс.

Во врвот на својата ѕвездена кариера Мајк Тајсон заработил најмногу 24 милиони долари за еден меч што ја прави понудата од 16.2 милиони фунти доста привлечна за поранешниот боксерски ас.

Мајк Тајсон во 2005 година се повлече од спортските активности поради зависност од дрога и борба со депресијата кога беше во лоша здравствена состојба.

Но сега сето тоа е зад него а Мајк Тајсон се чини дека се уште не го задал завршниот удар во боксерскиот ринг.

Креирано од:


Пренеси го гласот