Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Македонија е цивилизациски континуитет на вредности и како таква треба да исчезне

Пренеси го гласот

Македонскиот народ треба да исчезне, да се рассели по светот, да се претопи со другата аморфна маса на измислени народи и граѓанства, затоа што со себе го носи генетскиот код на идеалот за Македонија од памтивек до денес.

Македонија не е само збор со кој се дефинира држава или народ….

Македонија е цивилизациски континуитет на вредности кои што се опасни за глобализаторскиот репресивен апарат кој што има за цел од слободни луѓе да направи закрепостени робови во функција на визијата на неколкумина кои себеси се самопрогласиле за светска влада.

Светот е во светска војна помеѓу борците за апсолутна слобода и оние кои што сакаат да ни кажуваат како да мислиме, што да правиме, што да јадеме, како да водиме љубов, дали и каде да се движиме….

Македонија е залакот на кој секогаш се затнува грлото на глобалниот монструм кој е присутен насекаде низ земјината топка чиј што плен е слободата и слободната волја на поединецот.

Секоја креативност, секој индивидуален изблик на идеја, визија, способност и капацитет треба да се сузбијат за да дојде до израз колективитетот преку кој најлесно се воведува едноумие, ропство на слободната мисла, контрола на животот на поединецот.

Наши непријатели не се ниту еден народ, ниту една држава, ниту една политика партија….

Наши непријатели се потенцијалните робовладетели на слободната волја. Тоа што Господ Бог ни го дал сакаат да ни го одземат…. Наречете ги сатанисти, влада во сенка, нов светски поредок…. како сакате… тоа се сите противници и непријатели на вистината, слободата и слободната волја….

Војната е во тек, на секој агол, на секоја улица, со секој кажан и премолчен збор, со секој лицемерен поглед со секоја лага или вистина….

Или си борец за вистина, слобода и слободна волја или си од другата страна на барикадата… Трето нема.

И немојте да се сомневате дека непријателите на слободата ќе се обидат со било што да го купат вашето ропство и слугување.

А непријателите на вистината многу лесно може да бидат победени од тој момент кога сите ние ќе ја зборуваме вистината, ќе бидеме слободни и ќе се бориме за слободата на другите околу нас, ќе имаме слободна волја и ќе охрабруваме слободна волја кај сите….

Пишува: Анастасов Кирчо

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com