БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Македонија, ЛЕЛЕ!

Пренеси го гласот

Сега кога Македонија пополека се враќа од пеколот во кој беше отидена, време е политичките елити на чело на државата да размислуваат преку ГОЛЕМИ СОНОВИ и да креираат достоинствена реалност.

Македонија допрва може да ги доживее своите најубави моменти на афирмација на се што е Македонско.

Тоа на најдобар начин може да се постигне на секое општествено поле, но најмногу на полето на КУЛТУРАТА.

Македонскиот идентитет не е само Македонскиот јазик!

Македонскиот идентитет се и Македонските народни песни, музика, инструменти, преданија, легенди, ритмика, мелодија…

Многу често гледајки странски НЕмакедонски изведувачи како се обидуваат да украдат делови од Македонскиот мелос и ритмика, ми се потврдува сваќањето дека да се биде Македонец е Божјо вдахновение.

Македонски идентитет се и традиционалните носии, накит, украси, белегзии, алат за работа… голема лепеза на етнолошки предмети од домаинството… но и современата мода, начин на однесување на чаршија, корзото, зарзаватите со кои угостителите ги служеле во своите мали семејни кафеани сите добронамерници….

Македонски идентитет се и Македонските историски ликови, нивните животни патишта, нивната борба и нивното целокупно дело, оние кои дале дел од својот живот или го положиле целосно својот живот за афирмација на Македонија. Македонија е непресушен вруток на човечки судбини чија крв е крвта на Македонија. И денес современите прекалени борци за Македонска афирмација… и тие се Македонски идентитет!

Кога пополека ќе одминува нашето време под ова Македонско сонце, секој од нас ќе треба да си одговори на едно едноставно прашање: Што направив јас за Македонија?

Отговорите на секој од нас на ова прашање е вистинскиот идентитет на Македонија.

Тој е жив, живее во секој од нас.

Нека угрее силно сонцето за Македонија.

Времето е дојдено за големи и убави нешта.

Не треба да се пропуштат овие историски мигови… впрочем ако подобро размислам, сето време, секој миг во Македонија е историски… од памтивек до ден денешен.

Македонија ЛЕЛЕ!

Еве предлог кој да го повикаат на годинешново отварање на Охридско Културно лето, или пак на некој ново воспоставен фестивал во урнатините на Стоби или Хераклеа или Баргала….

Креирано од:


Пренеси го гласот