Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Владата на Република Македонија за наредниот четиригодишен мандат, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Кочани. Тој заедно со носителот на кандидатската листа за пратеници од третата изборна единица Игор Јанушев како и повеќе кандидати од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија се сретна со поголем број на граѓани на овој град под Осоговските планини при што размени повеќе идеи за Обновата на Македонија.
Мицкоски ги повика граѓаните на Кочани да излезат масовно да ја поддржат Обновата на Македонија на предвремените парламентарни избори на 15 јули со што Македонија конечно ќе се исправи после целата деструкција која што ја донесе Зоран Заев и СДСМ во изминатите три години.
Мицкоски заедно со предизборните тимови на кандидатите за пратеници се сретна со голем број на помлади кочанчани кои што го користеа саботното попладне за рекреација и разонода низ кочанската чаршија а остварија контакти и со поголем број на просветни работници од училиштата во Кочани.
“Во нашата програма Проект „Обнова“ се опфатени сите категории на граѓани. Во над 350 страници се испишани над 1000 проекти кои ќе донесат повеќе за секого.
#ИсправиСеМакедонијо, доаѓа #обнова“
-соопшти преку социјалните мрежи Христијан Мицкоски од Кочани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Концерт на Танец и Воениот оркестар на АРМ вечерва во Делчево
Премиерот Мицкоски од Виница денес соопшти дека почнува реализацијата на проектот за експресниот пат Делчево- Виница- Кочани
Кривична пријава против малолетничка од Кочани која вршела психичко насилство врз дете преку социјални мрежи