БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: Ги охрабрувам сите градоначалници да го следат примерот на Митко Јанчев и другите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска претстојуваше во Кавадарци каде беше во придружба на Градоначалникот на општината Митко Јанчев на настанот за свечено одбележување на пуштањето во употреба на новиот градски пазар.

Христијан Мицкоски во таа пригода даде своја изјава за медиумите во која го поздрави успехот на градоначалникот Митко Јанчев и апелираше и останатите градоначалници од другите политички партии да го следат примерот на Јанчев и на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во нивните напори да обезбедат што е можно поголем број и поквалитетни проекти за граѓаните.

“Задоволството е огромно кога ќе можете да присуствувате на вака значајни моменти за нашите сограѓани.

Денеска сме овде во Кавадарци и еве заедно со градоначалникот Митко Јанчев и со останатите луѓе од општината, се радуваме на отворање на еден капитален проект, а тоа е градскиот пазар кој после 60 години ќе обезбеди навистина пристојни и би рекол европски услови за луѓето кои што овде ќе работата, ќе ги продаваат своите производи и ќе обезбедуваат егзистенција за своите семејства.

Секогаш сум среќен кога можам да дадам и најмал допринос за да еден ваков капитален објект, една ваква инвестиција се реализира и помогне на граѓаните и го олесни нивниот живот.”

Навистина ги охрабрувам сите останати да го следат примерот на градоначалникот Митко Јанчев, на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои што работат на дневна основна и ги реализираат ветувањата кои што беа дадени за време на предизборната кампања за овие локални избори и да ја оправдаат довербата која што граѓаните ја дадоа и во првиот и во вториот круг.

Се надевам дека ќе продолжиме со истата динамика и во периодот кој што следи и покрај целата оваа криза која што ни се случува во нашата Македонија, економска, енергетска, секаква криза на политички план, и сето ова нормално да кулминира со предвремени избори во кои што ќе биде испочитувана волјата на граѓаните, а согласно последните мерења и континуираните мерења на јавното мислење огромно мнозинство од народот би рекол повеќе од 75 проценти мислат дека Македонија оваа влада ја движи во погрешен правец и дека оваа влада треба да си замине.

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се фати во костец со решавање на проблемите и ќе ги решава проблемите согласно можностите кои што ги има. Но, важно е дека очекуваме мотивирани, храбри луѓе, луѓе кои што знаат како да дојдат онаму каде што им е местото во владата и во институциите и да го олеснат животот на граѓаните исто онака како што тоа го прават овие 5 месеци градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Митко Јанчев овде во Кавадарци.”

-соопшти Христијан Мицкоски од Кавадарци.

Креирано од:


Пренеси го гласот