БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски на денешниот состанок на Одборот на Националната развојна стратегија: Имаме луѓе кои што се подготвени да работат, да градат и создаваат

Пренеси го гласот

Денеска во Владата на Република Македонија се реализираше работен состанок на Управниот Одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав кој што заедно со работниот комитет е помошно тело на Националниот совет за развој кој што како постоано советодавно тело активно работи во рамки на Владата.

На почеток на настанот свое обраќање пред присутните имаше Премиерот Христијан Мицкоски кој што во кратки црти ги афирмираше целите и улогата на Одборот, како и дел од политиките на владата кои се однесуваат на меѓународна соработка и реализација на програмски активности во надлежност на работата на овој одбор чија што примарна функција е да ги разгледува и одобрува проектните активности во оваа сфера.

Националната развојна стратегија 2024-2044 е визионерски документ кој има за цел фундаментална трансформација на земјата преку економски раст, енергетска независност, инвестиции во знаење, инфраструктура и дигитализација.

Пред нас е голем предизвик, да создадеме стабилна и економски просперитетна држава, со силни институции и правда еднаква за сите. Затоа, потребна е координација, партнерства и мобилизација на ресурси за ефективно спроведување на стратегијата.

Со заеднички напори, можеме да ја реализираме оваа визија за доброто на граѓаните и идните генерации.”

-напиша на социјалните мрежи Премиерот Мицкоски во врска со овој состанок.

На состанкот присуствуваа покрај членовите на Управниот Одбор на Националната развојна стратегија и амасадори и припадници на донаторската заедница кои што имаат мисии во Скопје и во Македонија.

Целото обраќање на Премиерот Мицкоски во видеото во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот