БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски од Штип: Незнаењето на власта во секторот здравство не донесе живот како што ветуваа- донесе смрт

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На трибината насловена “Здравствена платформа за иднина на тема „Концепт во здравство“” која што се одржа во Штип на почетокот како гостин говореше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој во своето обраќање пред присутните лекари, медицински работници, членови на партијата и останати граѓани на почетокот направи кратка генеза и временска хронологија за лошите резултати од менаџирањето на здравствените процеси во Република Македонија со актуелната власт на СДСМ и ДУИ.

Со констатацијата дека незнаењето на власта во на поле на здравството во државата наместо живот како што ветуваа во минатото донесоа буквална смрт за голем број граѓани во изминатите години поради неспособноста да се справат со предизвиците во овој значаен сектор.

Мицкоски пред јавноста го изнесе фактот дека втора тема по важност за граѓаните на Македонија е здравството додека здравствените прашања кај земјите во регионот се на 5-6 место по важност за граѓаните на земјите од регионот а уште подолу за граѓаните на Европа. Лошата практика и лошото менаџирање на власта со проблемите на здравството ги стави граѓаните во состојба на паника за сопственото здравје и егзистенција со што нивото на важност од потребата за подобрување на состојбите е подигнато на високото второ место.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Целата трибина Здравствена платформа за иднина на тема „Концепт во здравство“ која се одржа во Штип може да ја погледнете во продолжжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace