Вечерва во рамки на повеќедневната европска турнеја на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски придружуван со највисока партиска делегација, оствари значајна средба со членовите на Македонската заедница во Виена, Австрија.
Тој пред овие горди Македонци кои достоинствено ја носат Македонската традиција, култура и идентитет имаше свое обраќање по што беше реализирана општирна дискусија за состојбите на оваа Македонска заедница во Австрија.
“Вечерва ги посетив Македонците во Виена и црковната заедница Св. Наум Охридски. Велат до сега никој не ги посетил. Тие се грижат за состојбите во татковината. Излезот се изборите и промените кои ќе дојдат. Тие промени зависат од секој еден човек. Време е!”
-напиша на социјалните мреи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Денеска се одржува “Сатира фест” во Белград со редовно учество на Македонски афористичари
МАКЕДОНСКА ВЕЧЕР ВО ВЕЛИЧЕСТВЕНАТА САЛА НА ОПШТИНАТА ВО ОКСФОРД
Објавен конкурс за нови композиции фестивал “Бисер на Јадранот” 2026 – повик за пејачи, автори од Македонија