БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски се слушнал со Максим Димитриевски од кого очекува поддршка за Гордана Сиљановска Давкова на 2 круг од претседателските избори

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска од скопската општина Аеродром каде што Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ беше на увид на градежни работи на проект чија што реализација започна пред неколку месеци а кој што значи подобрување на стандардот на граѓаните.

Од Аеродром Мицкоски во одговор на новинарско прашање даде свој коментар во врска со поддршката на Максим Димитриевски за претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија.”

„Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за нашиот претседателски кандидат од Максим Димитриевски“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при увидот на градежни активности во Општина Аеродром.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во тој контекст ги повика и останатите кандидати кои не влегоа во вториот круг на претседателските избори да се придружат на победничката страна за целосно национално обединување во функција на посветла иднина за сите граѓани.:

„Ги повикувам сите гласачи на сите кандидати кои не влегоа во вториот круг да го поддржат идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова затоа што на тој начин Македонија ќе биде повторно ваша, повторно горда, а не понижена ограбена како што е сега. Да одиме напред бидејќи сите одат напред, да не тонеме во политичкото мочуриште кое не влече назад 6 и половина години и да бидеме заробеници на неколкумина кои станаа милионери, а голтари влегоа во политиката“, дециден е Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace