БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерката Јаневска денеска зеде учество на Самит за министри за образование, иновации и култура во Будимпешта

Пренеси го гласот

Меѓународните позитивни практики во образованието и тоа како се добредојдени за имплементација адаптирани на Македонски услови во рудиментираното македонско образование.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска зеде учество на меѓународен Самит на земјите од Западен балкан на Министри за образование, иновации и култура на кој што беа разменети вакви пракси и искуства кои што можат да го подобрат образовниот систем во нашата држава.

📌Денес во Будимпешта учествувам на Самит на министри за образование, иновации и култура на земјите од Западен Балкан и Унгарија. Целта е јакнење на меѓусебните релации во овие области, со што ќе ја подобриме меѓународната конкурентност како регион и ќе ја унапредиме соработката со Европската Унија.

ℹ️Информирав дека Македонија е фокусирана на исполнување на целите и обврските од Стратегијата за паметна специјализација, Планот за раст и реформската агенда за Западен Балкан, како и од новата Европска агенда за иновации. Имаме капацитет и ќе го забрзаме развојот на националното високо образование и на науката. Стануваат приоритет. Со тоа, ќе дадеме придонес кон регионалниот, но и глобалниот развој.

👉Предложив и задоволство ми е што прифатена е мојата иницијатива, на следниот Самит да се организира состанок на претставници на најдобрите универзитети и научни институти од секоја од земјите. Тие меѓусебно комуницираат и соработуваат, но сигурна сум дека на средби во ваков формат, енергијата и мотивацијата се поинакви и ќе воспостават нови релации, а тоа ќе биде наш заеднички интерес,”

-информираше преку социјалните мрежи Министерката Јаневска.

Креирано од:


Пренеси го гласот