Денеска во просториите на Владата на Република Македонија се одржа седница на Економско- Социјалниот Совет на Премиерот придружуван со неговиот економски тим заедно со претставници на синдикатите и претставници на работодавачите.
На седницата било разговарано за повеќе актуелни прашања од областа на стопанството и трудот на работниците.
“Одржавме редовна седница на Економско-Социјалниот совет каде разговаравме за активни мерки за поддршка на компаниите и засилување на стандардот на граѓаните.
Воедно разговаравме за можноста за ревидирање на потрошувачката кошница и нејзино адаптирање на реалните потреби на граѓаните.
Сите одлуки сакаме да ги донесеме заеднички и со заемна согласност, во корист на граѓаните и заедничката иднина.”
-информираше со свое соопштение Премиерот Мицкоски во врска со овој состанок денеска во владата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена