Министерот за дигитална трансформација во Македонската Влада Стефан Андоновски денеска изврши увид на лице место на тековните работи поврзани со отварањето на новиот Центар за услуги за граѓаните на општина Делчево.
Станува збор за отварање на нова функционална инфо точка која што ќе нуди конкретни услуги за граѓаните поврзани со функционирањето на националниот интернет провајдер на услуги https://uslugi.gov.mk каде што се застапени над 120 модули и функционалности за изработка и издавање целосно по дигитален пат на официјални документи кои што се од потреба на граѓаните.
“Направивме увид во реконструирањето/ реновирањето и отварањето на нов Центар за услуги и тука во Делчево. Се наоѓа на позната локација за граѓаните во центарот на градот каде што беше планирано некогаш да биде интернет кафе, за жал никогаш не се реализираше тој проект. Но Министерството останува посветено да стигне до последниот граѓанин, до секој наш сосед, до секој наш сограѓанин да ги доближиме услугите на граѓаните до нив и да им покажеме на оние што не знаат не можат да користат дома алатки и компјутери, да им ги доближиме услугите на Центарот за услуги и услугите на порталот на Министерството за дигитална трансформација, тука до секој граѓанин. Се надевам дека за многу брзо време ќе успееме да го отвориме центарот, тоа да биде на почетокот на септември и се надевам дека граѓаните ќе ја добијат секоја услуга која што им е потребна.тука во новиот Центар за услуги во Делчево.
Ќе отвориме Центар за услуги и во другите делови на истокот на Македонија. Тука е Свети Николе, се планира понатаму во Виница, гледаме да завршиме со подготовки во Неготино, во Крушево, така што имаме еден расширен пристап низ цела Македонија.”
-рече денеска во изјава за медиумите Стефан Андоновски- Министер за дигитална трансформација од Делчево.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година