Координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Длечево и Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Иван Гоцевски денеска беше во присуство на Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на лице место каде што се подготвува отварање на новиот Центар за услуги на граѓаните на Делчево.
Отварањето на овој Центар се реализира како резултат на претходно воспоставената комуникација со Стефан Андоновски во месец април 2024 година кога Координаторот на советничката група Гоцевски ја истакна потребата за отварање на овој Центар пред тогаш дополнителниот заменик министер за администрација и дигитално општество.
Ваквиот Центар е од особена потреба на поголема таргет група на граѓани во Делчево кои што не се доволно вешти во користење на придобивките на дигиталната платформа https://uslugi.gov.mk каде се застапени над 120 модули за користење од страна на граѓаните.
“Ветено во Делчево на 16 Април 2024 година како дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација во техничката влада!
Многу наскоро нов Центар за услуги во Делчево како министер за дигитална трансформација во оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ!
Денес како иницијатор заедно со министерот извршивме увид во реконструкцијата на објектот што ќе биде нов Центар за услуги.
Овие простории ќе бидат на располагање на сите граѓани на Делчево и околината кои ќе имаат потреба од некоја од услугите на uslugi.gov.mk, да извадат документ или да го надградат својот профил и да добијат информација.
На овој начин значително се олеснува животот на граѓаните од нашата општина кои наместо како порано да патуваат за дадена услуга дури и до Скопје, сега истото ќе може да го добијат и во Делчево на една од најдостапните локации во центарот на градот!
Со овој нов проект значително се олеснува достапот до најголем дел на услуги и се избегнуваат турканиците по шалтерите и овде во Делчево.
Нашите сограѓани кои се во странство ќе имаат значителен бенефит од овие услуги.
Ова е уште еден доказ дека оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ е вистински партнер на Делчево…”
-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски во врска со реализацијата на овој проект за делчевчани и денешната посета на Министерот Андоновски на Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи
Кочани го одбележa 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца