На фејсбук е објавен настан кој е организиран од т.н. Македонски православен фронт против наметнатото прославување на „халовин“ .
Во објавата на настанот се вели дека собирот кој ќе се одржи пред Домот на културата во Битола денес (среда 31.10.2018) со почеток во 17.30 часот.
Ја пренесуваме целата објава во продолжение:
Ги замолуваме сите добронамерни и свесни граѓани на Битола да ни се придружат во скромен собир пред Домот на културата, денес, во 17:30 часот, заедно да истакнеме порака дека најмладите не треба да се искористуваат во ширење сатанизам и асимилација на нашиот народ.
Таканаречениот празник „ноќта на вештекрите“ нема допир со ниедна традиција на овие простори и е во спротивност на истите.
Време е да се стави КРАЈ на манипулациите врз младите, нивната слободна волја и размислување, и да се информираат родителите, пред се, за штетниот фактор кој го носат ваквите „празнувања“.
Со духовно лице, како што доликува, Ве очекуваме да ни се придружите на мирниот собир, да се информирате и заедно да кренеме иницијатива против злонамерниците кои се стремат да го уништат нашето општество.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи